Винарска Визба Пирган

Каде во Прилеп? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винарска Визба Пирган Телефонскиот број: 070353218

Многу од коментарите на гостите кои нè посетиле се засноваат на тоа како може во Прилеп да има винарија која произведува толку квалитетно вино, вели Илија, човекот кој ни ја раскажа приказната на „Винарска Визба Пирган“.

Пирган е бизнис кој зрачи од 2001-та година, а кој го започнува Златко Пирганоски, човекот кој во Прилеп е познат по своите бизнис амбиции, но и по неговата мислија и желба да произведува добро и квалитетно вино.

Илија вели дека идејата за отворање на винаријата започнува од 1999 година, а официјлниот старт го бележаат во 2001 година кога е регистрирана винаријата.

Вината кои ги произведува „Пирган“ може да се дегустираат во нивната винарска визба која од денеска е дел од базата „Гастромонија“ на Кајак.мк. Илија вели дека како најпознати се истакнуваат „Вранец“ кој има 16 отсто алкохол, и „Chardonnay“ кој е со 15 отсто алкохол, а ги додава и „Мерлот“ и „Cabernet“ кои се во лимитирана количина.

Пирганоски вели дека Прилет е нетипичен град за винарија, бидејќи кога ќе се спомене винарска визба или винарија, луѓето се асоцираат на тиквешкиот регион, па оттука се и позитивните импресии на гостите коишто ги посетиле и го дегустирале нивното вино.

Нивното првенствено производство е фокусирано на виното од сортите Вранец, Кабернет, Мерлот, Шардоне, Темјаника, Смедеревка. Најзначајно за нив, како што вели Илија е да понудат убаво и квалитетно вино и затоа вложуваат во технологија за да може изработката на вино да се подигне на повисоко ниво и подобар квалитет. Покрај виното произведуваат и жестоки пијалоци како ракија, текила, водка, мастика, узо, бренди, ликери.

За оние коишто се заинтересирани да ја посетат винарската визба, треба да знаат дека таа се наоѓа на излезот од Прилеп на патот кон Македонски Брод.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар