03.05.2022
Дали сте го посетиле етно ресторанот Бабино?
Дали сте го посетиле етно ресторанот Бабино?
Денеска во базата на Кајак осамна уште еден уникатен етно ресторан во селото Бабино, Демир Хисар! Прекрасно место кое мора задолжително да го посетите. Комплексот „Бабино“ опфаќа површина од 15 000 квадратни метри од кои 2500 метри квадратни се водена површина, опколена со мала зоолошка градина, езерца за одгледување речна пастрмка и тревник.

Домаќинот Филип кој ги отвори вратите за светот на Кајак вели дека водата во изворот Бабинска Река што ја користи и рибникот е со константна температура од 12 степени целзиусови во текот на целата година (лето и зима), што е идеално за одгледување на калифорниска пастрмка.

Ова место во една од најчистите еколошки територии во нашата
земја, исполнето со зеленило на недопрена природа, извори на пивка вода, чист воздук, инспиративен мир кој Ви нуди прекрасни специјалитети од скара
и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.
За оние кои не знаат каде се наоѓа селото Бабино, ова село се наоѓа на патот помеѓу Демир Хисар и Гостивар, а гостите можат да престигнато со секакви возила.

Комплексот постои од 1996 година и е првиот ресторан од ваков вид во нашата земја. Од напуштен рибник и една барака прерасна во комплекс со големо реноме.

Во ресторанот
може да се сретнат гости од целиот свет поради специјалитетите кои се нудат. Овде може да се најдат македонски
традиционални питулици со лук или сирење, мазници и зелници. Разни
специјалитети од Риба одгледана во рибниците и специјалитетите од Диво Месо.
Доколку сакате да
стапите во контакт со сопствениците и извршите резервација, тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?