23.03.2023

Собираме планински чај од Кожуф на 1750 м.н.в

Собираме планински чај од Кожуф на 1750 м.н.в

Дали се сеќавате на приказната која тимот на Кајак.мк ја раскажа за Апи Центарот Алчинов кое има своја комора во околината на Гевгелија?

Денеска нивните производи може да ги најдете во бакалницата на Кајак.мк и тоа со еден клик ОВДЕ.


Оваа семејна пчеларска традиција започнува од 1878 година во село Старо Конско, Кожуф планина, од пра-пра дедото на Кристијан, Ристо Алчинов (1858-1963), кој на својата 20-годишна возраст "уловува" диви пчели и ги населува во примитивни улишта - трмки. Оттука, неговиот син, пра-дедото Трајко Алчинов (1905-1993), продолжува со одгледување на пчелните семејства, дури и по преселбата во Гевгелија, ги оддржувал пчеларниците и во селото и во градот, се до 1960 година, кога од Германија ги носи првите Дадант-Блатови кошници, современи улишта со подвижни рамки и зголемено производство.


Денеска, пчеларска Фарма АЛЧИНОВ, располага со вкупно 5 пчеларници, 2 стационарни и 3 селидбени, 1 оплодна станица за пчелни матици, 1 едукативен пчеларник и апи-тераписки центар Ристо Алчинов, кој се наоѓа во Гевгелија на патот кон село Мрзенци (спорти хотел Нар), каде што и е стационирана апи-комората и honey shop која можете да ја погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.