06.02.2023
Дали сте слушнале за езерото Единак во Македонија?
Дали сте слушнале за езерото Единак во Македонија?
Целта на Кајак.мк е да ги запознае новите генерации со сите можни дестинации во Македонија кои заслужуваат да се посетат за време на слободните викенди. Ако избирате што да бидете во животот, бидете авантуристи! Тоа ќе ви помогне да бидете активни за време на слободните викенди, да научите многу за Македонија и да запознаете многу нови локални мештани кои ги посветиле животите во развој на локалниот туризам.

Денеска, сакаме да ве прошетаме низ селото Војница, за кое сме сигурни дека голем дел од вас се уште немаат слушнато. Селото се наоѓа во срцето на Македонија, а до него води асфалтиран пат кој е во должина од 17 километри од градот Велес, но треба да имате предвид дека движењето до селото и до езерото Единак е вистинска авантура.

Фото: Наташа Величковска
Селото Војница се наоѓа во областа Клепа на 300 метри височина, на
источната граница на општина Чашка. Овде може да ја најдете реката Бабуна, а
селото има доста значајни спомен обележја кои му даваат историска тежина на
селото.
При Втората светска војна, во селото била создадена Дванаесеттата македонска бриграда, каде во во рами на четата бил револуционерот Коле Неделковски.

Фото: Елена Маркова
Денеска во самото село се наоѓа спомен куќата на овој наш великан поет и револуционер, која говори за борбата на македонскиот народ. Покрај спомен куќата, овде ќе ја најдете и главната селска црква „Св. Атанасиј“ која е прогласена за културно наследство на Македонија од 1953 година поради архитектурата на објектот и специфичната изработка на икони и фрески, кои се од непознат автор.

Фото: Наташа Величковска

Недалеку од селото се наоѓа етно куќата Единак, кој има свое езерце во кое се
чува и одгледува риба. Ресторанот работи во текот на пролетта, летото и раната
есен. Од денеска, етно куќата Единак е наша нова гастро дестинација, контакт
број, повеќе информации за точната локација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?