18.08.2021

Одгледуваме овци на Галичник, а сирењето е приказна само по себе

Одгледуваме овци на Галичник, а сирењето е приказна само по себе

Се уште имаме уште многу од летната сезона која ни овозможува да го посетиме Галичник, бидејќи зимата таму му пркоси на туризмот и го остава селото да здивне од туристите. Галичник е приказна сама по себе. Галичник е природа, историја и активен туризам во едно. Но, она што нам ни преставува од огромно значење е храната која се произведува на галичкото поднебје.


Ние денеска ќе ви ја споделиме приказната на Бошко Лепчески, човекот кој може да го запознаете преку нашите тим-билдинг организации, на кои ќе ве запознае со начинот на производство на галичкото овчо сирење, а исто така ќе може да го дегустирате сирењето во неговиот зелен двор на галичката куќа. Доколку сакате да и организирате на вашата компанија уникатен тим билдинг кој ги вклучува нашите локални херои, пополнете го следниот формулар со еден клик ОВДЕ.

Бошко вели дека Галичник е светски познат по преубавото овчо сирење и кашкавал со уникатен вкус. За него и неговото семејство клучен фактор да се занимават со производство на сирење и кашкавал била љубовта кон родниот крај.


Неговите корени потекнуваат од Галичник, а возобновувањето на оваа традиција на неговите предци ја започнавме пред околу 20- тина години, што може да се каже дека работата го вратила да живее повторно во овој крај.


Нивните овци се чуваат на планината Бистра во повеќе трла. Имаат задолжено овчар кој води постојана грижа за овците преку цела година, така што целокупниот амбиент кој доведува до крајниот производ е автентичен во сите фази, поаѓајќи од пасиштата, до крајните процеси како молзењето на овците, па се до производството на сирењето и неговото соодветно презервирање.


Лепчески додава дека одгледувањето овци воопшто не е лесна работа, со оглед на двата периоди од годината, како– летен, кога овците се водат по пасиштата за да ја обезбедат потребната храна со цел да дадат доволно млеко при молзењето, и зимскиот период, кога овците се транспортираат до потопли места за да презимат, од прична што Галичник во зимскиот период не е достапен за возила.


Процесот на преработка на млекото резултира со квалитетно овчо сирење. Покрај популарното сирење, овде се вбројуваат и други млечни производи како урда, кашкавал и слично.


Сирењето е најдобро кога се дегустира во регионот каде се произведува. Од тие причини, нашиот тим го додава Галичник на мапата наместа идеални за организирање тим-билдинг патувања. За оние кои пат не се во можност да учествуваат на тим билдинг патувања преку Кајак.мк, повеќе информации за контакт од Бошко може да најдат во категоријата Гастромонија.


Бошко вели дека поддршката им ја дават луѓето кои го купуваат нивниот продукт. Оние кои се љубители на сирењето знаат да проценат квалитет, односно единственоста на неговиот вкус во форма на онаа специфична нота која остава автентичен белег, вели Бошко. 

Остави Коментар

Коментари

  • Gordana Pavlovska

    19.06.2026 16:15

    Kolku je cena na sirenjeto telefon pisete pozdrav.

Прочитајте повеќе

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.