29.05.2023
Ресторан во село Зрноско, Мала Преспа ги привлекува гостите со своите специјалитети
Ресторан во село Зрноско, Мала Преспа ги привлекува гостите со своите специјалитети
Ако има гастро дестинација која треба да биде на вашата листа на задолжителни посети во текот на престојната летна сезона, тогаш тоа нека биде селото Зрноско, кое селце се наоѓа во Мала Преспа на територијата на Албанија.

Тимот на Кајак.мк разговараше со Кристи, која како домаќинка на ресторанот ги отвори своите порти за светот на Кајак.мк и ни ја раскажа славната приказна на ресторанот Кристи кој постои од 2006-та година.

Ресторанот се наоѓа на самиот кеј на Преспанското езеро, а е семејна традиција која пости веќе 17 години, а која започнале да ја пишуваат родителите на Кристи.

Денес, ресторанот е познат по најбараниот специјалитет „Крап во тава“, за кој специјалитет Кристи вели дека го има само во овој крај. Покрај специјалитетот во тава, вреди да го вкуските и крапот на скара, белвиците и свинското ребро на скара.

Уникатноста на
местото е и самата локација покрај Преспанското езеро, чистиот воздух и вкусот
на традицијата.
Повеќе информации
за ресторанот, локација и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.