Војислав: Локален водич на германски и англиски јазик во Македонија на културно историски тури
Резервирајте локален лиценциран водич на германски јазик за цела Македонија. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цените варираат во зависност од турата, бројот на гости и локациите.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартната локација на турата
Име: Војислав
Искуство:
Туристички водич сум веќе 8 години.
Јазици:
Водам тури на:
- Германски
- Англиски
- Српски (поретко, иако ми е мајчин јазик)
Региони каде што водам тури:
Специјализиран сум за културно-историски тури низ:
- Скопје
- Маврово
- Охрид
- Битола
- Галичица
- Остров Голем Град
- Крушево
- Стоби
- Хераклеја
- Кокино
- Кратово
Дополнително, водам точачки (велосипедски) тури низ Скопје и другите региони во Македонија.
Омилена тура:
Најомилени ми се турите во и околу Скопје, бидејќи чувствувам огромна страст и љубов кон секое ќоше од главниот град. Без разлика дали е Старата Чаршија, Матка, Водно, Шутка, црква, џамија, манастир или некоја друга локација, моја цел е гостите да го почувствуваат жарот што Скопје го буди во мене.
ЛОКАЦИЈА