Патрициа: Локален водич во Охрид на полски јазик

Local guides in Macedonia Цена од:

5,535.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич во Охрид на полски јазик. Тури со локален водич низ Охрид и западна Македонија. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Не пресметувам цена по лице, туку по тура, без разлика на бројот на учесници:
  • Кратка тура (неколку часа, на пр. градска тура во Охрид): 90 €
  • Целодневна тура (на пр. Скопје): 100 €
  • Цената може да варира

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартната локација на турата

Искуство:
Имам 3 години искуство како туристички водич и водам групи на полски јазик.

Дестинации:
Организирам екскурзии низ најубавите места во Македонија, вклучувајќи:

  • Охрид
  • Трпејца
  • Свети Наум
  • Турa околу Охридско Езеро
  • Голем Град (Преспанско Езеро)
  • Битола
  • Скопје

Омилена тура:
Најомилена ми беше турата до островот Голем Град на Преспанското Езеро, но поради моменталната состојба таму, повеќе не ја планирам. Жалосно е да се гледа таа природна убавина во таква состојба. Сепак, љубовта кон езерото останува, и сакам да им покажам на туристите скриените бисери околу него. Постојат многу места што ретко се посетуваат, а вреди да се откријат – мали и поголеми цркви скриени во планини и шуми, како и стари села со традиционална архитектура. Сето тоа заедно со прекрасните глетки кон езерото нуди уникатно искуство.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар