Виктор – мајстор за наполитанска пица
Запознајте го Виктор, готвач специјализиран за наполитанска пица со 48-часова ферментација, италијанско брашно и печење на над 400°C. Букирајте го за ваш следен настан или гастрономско искуство.
Вклучено во цена:
- Испратете ни барање за да добиете персонализирана понуда
Не е вклучено во цена:
- Локацијата на вашиот настан
Виктор е готвач специјализиран за подготовка на наполитанска пица, со повеќе од десет години искуство во усовршување на техниката и развивање на сопствен рецепт за тесто.
Неговиот интерес за пицата започнува во рестораните, каде што првпат се среќава со автентично тесто и процесот на подготовка на наполитанска пица. Она што започнува како професионално искуство, со текот на годините прераснува во специјализација во која особено внимание посветува на тестото, ферментацијата и печењето.
Основата на неговата работа е тесто подготвено со квалитетно италијанско брашно и минимална ферментација од 48 часа. Процесот резултира со воздушеста и мека внатрешност, крцкава кора, карактеристични меурчиња и препознатлив тигрест изглед.
Пицата се пече на температура над 400 степени Целзиусови, а самото печење трае околу 60 секунди. Покрај техниката, важен дел од подготовката се и свежите и внимателно избрани состојки.
Искуство со Виктор
Со ангажманот на Виктор, гостите можат да уживаат во наполитанска пица подготвена според неговата техника и сопствен рецепт, а искуството може да се организира за приватни настани, прослави и групи. Работилниците се организираат на ваши локации, а ваквите работилници се идеални за прослави, тим билдинг настани, девојачки и друго. Виктор носи комплетна опрема од печки, маси, прибор и се што е потребно да се изведе работилницата. Откако ќе се подготват пиците, истите се служат на гостите.
Од неговата понуда се издвојува Vicecity Bianca, пица со специфична комбинација на вкусови и еден од препознатливите избори од менито.
Како интересен спој на локалната и италијанската гастрономија, Виктор би ја претставил и својата верзија на пица инспирирана од македонските состојки – со ајвар, маслинки и овчо сирење.
Виктор е достапен за резервации и ангажмани, овозможувајќи им на гостите да ја искусат подготовката и вкусот на наполитанската пица во рамки на нивниот настан или организирано гастрономско искуство.