Сузана: Ски инструктор на Попова Шапка
1,000.00 ден
Резервирајте ски инстуктор на Попова Шапка. За да добиете вкупна понуда од Сузана, потребно е да му испратите барање со селектирање на датумите на кои сакате ски обука. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на ваш мејл, смс и вибер со вкупна цена. Практикувајте барања за резервации по писмен пат, така е најбезбедно а вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цена по лице во група над 6 лица
- За 3 скијачи цената за скијање цел ден е 1200 денари од лице
- За 4 скијачи цената е 1100 денари од лице од ден
- За 5 скијачи цената е 1050 денари од ден
- За 6 или повеќе скијачи цената е 1000 денари за еднодневно скијање со обука.
- За еден или два скијачи/ученици се наплаќа по саат, а не од ден.
- Професионална обука
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до ски центарот
- Храна
- Ски опрема
Здраво, јас сум Сузана. Ски интруктор на ски центарот на Попова Шапка. Со мојот тим нудиме часеви за изучување на скијањето.
Нашта дневна ски
школа е 4 часа.
Возраст на скијачите
може да биде од 5 до 70 години.
Учениците може да
дојдат со нивна ски опрема, а може и да се изнајми од Попова Шапка. Цените за
изнајмување на скии, штеки и чевли за скијање се движи од 300 до 500 денари во
зависот од возраста и местото од каде се изнајмуват. Ова цена е на ден.
За тоа колку време е потребно да научи некој да скија зависи од физичката спремност, наспанот/одмор во деновите пред скијањето, дисциплина, возраст, мотив, желба и страв (ако постои). Во просек од 2 до 6 дена.
ВАЖНО: Билетот за ски центарот се доплаќа кон ски центарот и не е вклучен во цената. На почетниците им треба неколку денови да скијат „во место“ што всушност не е потребно ски карта за почеток. Кога ќе почнат да научат да кочат тогаш продолжуваат на ски жичарницата, но со карта за едно возење.
Зборувам повеќе јазици и тоа англиски, српски, хрватски, бугарски (напредно ниво), албански, германски, руски (основно ниво).
ЛОКАЦИЈА