НОВО
Супер Домаќин

Образовен центар Атанасова – Работилници за родители

Работилници за родители во Образовен центар Атанасова – развој на емоционалната интелигенција, свесно родителство и практични техники од НЛП за подобра комуникација и мотивација кај децата.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од вашето барање и бројот учесници

Кајак Агенција споделува фотографии од малолетни лица кои се објавени на официјални страници на секој сервис. Кајак.мк во никој случај нема да сподели фотографии кои би ни биле испратени во приватна порака, а за кои претходно немаме и не можеме да добиеме согласност од родителите или старателите.


Локација: Пелагонка 2, Битола
Едукатор: Весна Атанасова, професионален едукатор и НЛП практичар за деца и млади

За работилниците
Работилниците за родители на Образовен центар Атанасова се посветени на развојот на емоционалната интелигенција и свесното родителство, под мотото „Од конфликт до поврзување“. Со долгогодишно искуство во работа со деца и родители, Весна помага да се надминат предизвиците во секојдневната комуникација со децата и да се зајакне позитивното родителско влијание.

Темите што се опфаќаат

  • Надминување на отпорот кај децата (особено при учење и домашни задачи)
  • Справување со „утринските бури“ и стресот од секојдневието
  • Поставување граници со љубов и поддршка
  • Будење на внатрешната мотивација кај децата

Техники и вештини преку НЛП
Работилниците вклучуваат практични техники од Невро-лингвистичко програмирање (НЛП):

  • Преформулирање – како наредбата да стане покана за соработка
  • Сидрење – како самодовербата на детето да се пренесе од една област во друга
  • Препознавање на емоции – откривање на чувствата зад однесувањето пред да ескалира конфликт

Организација на работилниците

  • Времетраење: 3 часа (обично сабота наутро, „саботно кафе“)
  • Формат: кратко теоретско објаснување, анализа на реални примери (Case Studies), практична работа на работни листови
  • Форми на учење: групни работилници (до 10–12 учесници) и индивидуални менторски сесии по потреба

Придобивки за родителите и децата

  • Подобрување на секојдневната комуникација
  • Намалување на стресот и конфликтите дома
  • Поттикнување на самостојност и мотивација кај децата
  • Родители кои уживаат во воспитувањето без притисок

Остави Коментар