Маја: Локален водич на англиски јазик во Охрид и околината

Local guides in Macedonia Цена од:

4,305.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич на англиски јазик за Охрид и околината. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Полудневна тура: 70 €
  • Целодневна тура: 120 €
  • Групи: Од 2 до 40 лица, со можност за договарање во зависност од периодот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Име: Маја

Искуство:

  • 9 години искуство како туристички водич
  • Лиценциран водич за англиски јазик
  • Работено со групи и на српски и бугарски јазик

Региони каде што водам тури:

  • Охрид
  • Струга
  • Вевчани
  • Лин
  • Поградец (Албанија)

Омилена тура:
Мојата омилена тура е прошетката низ стариот дел на Охрид, мојот роден град, кој изобилува со богата, незаменлива историја и култура. Неговите легенди, археолошки локалитети и знаменитости се од посебно значење за туристите. Турата продолжува кон манастирскиот комплекс Свети Наум, со одмор кај Билјанините извори (доколку патуваме со автобус). Ако се избере крстарење со брод, туристите можат да ја доловат бесконечната убавина и синило на Охридското Езеро, како и да ги посетат изворите на реката Црни Дрим.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар