Maja: Локален водич на англиски јазик во Охрид и Македонија
4,305.00 ден
Резервирајте локален лиценциран водич на англиски јазик во Охрид. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Градски разглед на Охрид: 70 €
- Градски разглед надвор од Охрид: 100 €
- Целодневен разглед Охрид – Свети Наум: 120 €
- Групи: Без минимум, максимум 20 лица
- Цената може да варира во зависност од големината на групата и периодот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартната локација
Име: Маја
Искуство:
- 10 години работно искуство како туристички водич
- Водам тури на англиски, српски и македонски јазик
Региони каде што водам тури:
- Охрид
- Свети Наум
- Битола
- Скопје
- Крушево
- Тури околу Охридското езеро, вклучувајќи Поградец (Албанија)
Омилена тура:
Мојата омилена тура е целодневната тура Охрид – Свети Наум. Уникатната убавина и историјата на Охрид никого не остава рамнодушен. Охридското Езеро плени со својата небесно сина боја, создавајќи чувство на бесконечност од која било гледна точка. Туристите секогаш се воодушевени од природата, историските знаменитости и традицијата што ги нуди Охрид. Турата се дополнува со крстарење со брод до Свети Наум, што е незаборавно искуство.
ЛОКАЦИЈА