Каролина: Локален водич на француски јазик во Битола и Охрид

Local guides in Macedonia Цена од:

4,920.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич на француски јазик во Охрид и Битола. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Полудневна тура (до 4 часа): 80 € (за групи)
  • Целодневна тура: 120 € (за групи)

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Име: Каролина

Искуство:

  • Лиценциран водич на француски јазик
  • Водам големи групи (до 45 лица) и индивидуални туристи
  • Имам 1.5 години искуство, стекнато главно во Охрид и Битола
  • Водела сум и долги тури од 9 дена низ цела Македонија

Региони каде што водам тури:

  • Битола
  • Охрид

Омилена тура:
Најомилените ми се разгледите во Битола, бидејќи градот има богато историско минато. Античкиот град Хераклеја, корзото со Офицерскиот дом, приказните за Манаки и Ќемал Ататурк се значајни и интересни за туристите. Дополнително, како водич на француски јазик, ја истакнувам франкофонската историја на Битола, поврзана со Првата светска војна, француските гробишта, Католичката црква на корзо и Францускиот конзулат.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар