НОВО
Гешталт психотерапија и едукација – индивидуални и онлајн сесии за личен развој
Гешталт психотерапија за возрасни и деца, индивидуални и онлајн сесии за стрес, емоционални и лични предизвици, како и едукација за идни терапевти.
Во Центарот се нудат индивидуални психотерапевтски сесии со гешталт пристап, наменети за лица кои се соочуваат со стрес, емоционални потешкотии, конфликтни односи, предизвици во личниот развој и слични животни ситуации.
Работата се одвива индивидуално и е целосно прилагодена на возраста, потребите и динамиката на клиентот. Се работи со возрасни лица, како и со деца, при што сесиите со деца се реализираат во присуство на родител.
Начин на одржување на сесиите
Сесиите се организираат флексибилно, во зависност од потребите и можностите на клиентите:
- во живо (присутно)
- онлајн
- комбиниран пристап