Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН
Филип: вашиот локален лиценциран водич - Мое Скопје, ваша авантура
Local guides in Macedonia
Цена од:
899.00 ден
Резервирајте тура со локален водич во Скопје. Филип е флексибилен со датуми, а за да добиете понуда од него се што треба да направите е да испратите барање со селектирање на датум и број на лица. Откако ќе испратите барање, ќе добиете одговор од Филип за вкупната цена на ваш мејл, смс и вибер.
Вклучено во цена:
- Цена од лице за пешачка тура низ Скопје - 15eур
- Попуст за групи поголеми од 6 лица
- Доколку имате желба за поинаков вид на тура, испратете барање за истата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартна договорена локација на турата
- Храна/Пијалоци
Име: Филип
Професија и искуство:
-Дипломиран туризмолог
-Лиценциран туристички водич и придружник со повеќе од 12 години искуство
-Водам тури низ Македонија, Италија, Грција, Турција итн.
Роден и израснат во Скопје, ќе ви го покажам моево Скопје: скриени приказни, жива култура и уникатен микс од древна историја и модерен дух. Ги водам турите на англиски + сите балкански јазици (српски, хрватски, итн.), за да се чувствувате како дома, што ќе ви овозможи персонализирано искуство без разлика од каде доаѓате.
Изберете ја авантурата:
- Пешачка тура низ Скопје (околу 2 часа) – Откријте го старото и новото лице на градот, неговата фасцинантна историја и уникатни знамености, од Отоманската Чаршија, преку бруталистичката архитектура до модерните споменици.
15€/лице (Попуст за групи од 6+ лица - побарајте цена)
Може да се реализира секој ден во 9, 10 или 17 часот
- Бегство до Кањон Матка (со автомобил) – Истражете ја неверојатната природна убавина на кањонот Матка и уживајте во спокојот на природата
59€/автомобил (макс. 4 лица)
Може да се реализира на барање од 09:00ч (турата трае 3.5-4ч зависи од сообраќај)
*Додатен попуст за оние кои ќе ги резервираат двете тури.
*Можност за организација на гастрономска тура и винска тура - поднесете барање за опции и цена на истата.
Верувам дека секоја тура треба да биде како разговор, а не само презентација, така што се трудам да понудам не само класична тура, туку вистинско поврзување со Скопје и неговата околина.
Ајде да создадеме приказна вредна за споделување!
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.