НОВО

Евдоксија (Доци) – Вашиот туристички водич во Охрид

Local guides in Macedonia Цена од:

3,075.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич во Охрид. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена: 50 € по лице
  • Минимум: 4 лица | Максимум: 20 лица
  • Во цената не е вклучен бродскиот превоз (околу 15 € по лице, зависно од бројот на гости).

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Здраво! Јас сум Евдоксија, но сите ме викаат Доци – полесно е и попријатно. Веќе 2 години ја водам мојата најголема љубов – туристите низ убавините на Охрид и Охридското Езеро.

Зборувам англиски, и со мене ќе откриете места и приказни кои ќе ви го збогатат престојот во Македонија.

Мојата омилена тура – Свети Наум со брод

Најубавото доживување за моите гости е турата до манастирот Св. Наум со брод.
Патувањето по тиркизното синило на Охридското Езеро е полно со волшебни пејсажи: плажите, црквите и високо издигнатата Галичица споени во една неповторлива глетка.

Манастирот Св. Наум со своите живописни фрески, иконостас и духовна историја, во комбинација со изворите и природата околу него, нуди искуство што може да се почувствува само на лице место.

Денот го заокружуваме со традиционален ручек со свежи локални производи – доживување кое секој треба да го има барем еднаш во животот.

Детали за турата

Цена: 50 € по лице
Минимум: 4 лица | Максимум: 20 лица
Во цената не е вклучен бродскиот превоз (околу 15 € по лице, зависно од бројот на гости).

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар