НОВО

Едукативни работилници и интерактивни предавања во Кочани

Едукативни работилници, презентации и интерактивни предавања во Кочани за млади, ученици и студенти. Развој на вештини преку практично и неформално учење.



Оваа услуга опфаќа организација и реализација на едукативни работилници, тематски презентации и интерактивни видео предавања наменети за млади, ученици, студенти и организации.

Програмите се дизајнирани да поттикнат активно учество, практично учење и размена на знаење преку дискусии, тимска работа и современи едукативни методи. Содржините се прилагодуваат според возраста и интересите на учесниците, со цел да се обезбеди интерактивно и квалитетно искуство.

Здружението „Одоната“ има континуирано искуство во работа со млади и развој на едукативни проекти кои ги вклучуваат не само учениците од основно образование, туку и средношколци и студенти. Дел од учесниците во досегашните програми денес се активни студенти кои продолжуваат да се надградуваат и да учествуваат во слични иницијативи.

Целта на овие работилници е создавање на современа платформа за неформално образование, поттикнување критичко размислување и развој на вештини кај младите преку практични и инспиративни содржини.

Остави Коментар