Даниела: Локален водич на англиски јазик во Охрид

Local guides in Macedonia Цена од:

2,152.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич во Охрид на англиски јазик. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице за Охрид: од 35 €
  • За групи: минимум 100 € по тура, а конечната цена зависи од големината на групата и избраната тура.
  • Групата може да биде од 2 до 40 лица.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Име: Даниела

Искуство:
Водич сум повеќе од 10 години.

Јазици:
Водам тури на:

  • Англиски
  • Српски
  • Хрватски
  • Бугарски

Региони каде што водам тури:

  • Охрид (стариот дел)
  • Свети Наум
  • Заливот на коските
  • Струга
  • Вевчани
  • Битола
  • По потреба и Скопје и други региони во Македонија

Омилена тура:
Го обожавам стариот дел на Охрид поради неговата историја, природни убавини и ретките занаети кои сè уште се негуваат таму. Манастирот Свети Наум е посебно искуство, особено кога патуваме дотаму со брод, а самиот манастир нуди духовен мир. Струга и Вевчани се уникатни доживувања што не треба да се пропуштат, бидејќи нивната историја и природата оставаат силен впечаток. Најчесто ги комбинирам овие локации во дводневни тури за оние што сакаат да го истражат регионот во целост.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар