Алберта: Локален водич во Охрид на италијански јазик и англиски јазик

Local guides in Macedonia Цена од:

2,460.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич во Охрид на италијански јазик. Тури со локален водич низ Охрид и западна Македонија. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од должината на турата и големината на групата:
  • За индивидуални туристи:
  • 2-часовна тура (1-2 лица) → 40 €
  • Целодневна тура → 80 €
  • За групи од 10 лица:
  • Полудневна тура (до 3 часа) → 60 €
  • Целодневна тура → 100 €
  • За големи групи (до 45-50 лица, автобус):
  • Полудневна тура (до 3 часа) → 70 €
  • Целодневна тура → 120 €
  • За повеќедневни тури, постои можност за договор и попуст.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартната локација

Име: Алберта

Искуство:
Имам 17 години искуство како туристички водич (од 2008 година).

Јазици:
Водам тури на:

  • Англиски
  • Италијански
  • Српски (мајчин јазик, израсната во Војводина)
  • Српскохрватски

Региони каде што водам тури:
Најчесто водам тури во Југозападна Македонија, особено во Охрид и околината, како локален водич со живеалиште во Охрид. Покрај тоа, водам тури и во Скопје.

Омилена тура:
Мојата омилена тура е пешачката обиколка низ стариот град и историското јадро на Охрид. Оваа тура е посебна бидејќи е сликовита, богата со содржина и овозможува директна интеракција со туристите. Овде е сконцентрирано најважното од историјата на градот, а има и идеални места за фотографирање – панорами, „Instagram spots“. Најчесто, турнејата завршува со возење со кајчиња по Охридското езеро, што претставува прекрасно доживување за посетителите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар