АФС метод за работа со дислексија – индивидуална поддршка за читање, учење и концентрација
Професионална програма за работа со дислексија базирана на АФС методот. Индивидуален пристап за деца, тинејџери и возрасни со фокус на подобро читање, концентрација и самодоверба.
Работата со дислексија се базира на АФС методот (Auditiv,
Funktional, Symptomatisch), кој претставува научно базиран и холистички пристап
насочен кон развој на когнитивните и перцептивните способности.
Методот потекнува од Австрија и е развиен во соработка со
Dyslexia Research Center (САД) и д-р Астрид Коп-Дулер. Сертификацијата за
работа по овој метод е стекната преку Erster Österreichischer Dachverband
Legasthenie (www.legasthenie.at),
каде се обучуваат стручни АФС тренери.
Пристапот се темели на работа во три меѓусебно поврзани
области: внимание, сензорна и когнитивна перцепција, како и читање и пишување.
Наместо фокусот да биде исклучиво на симптомите, се работи на нивните основни
причини, како што се аудитивната обработка, вниманието, меморијата и начинот на
кој информациите се процесираат.
Целта на програмата е создавање стабилна основа за учење,
развивање поголема самодоверба и овозможување самостојно и успешно
функционирање во образовниот и секојдневниот живот. Во текот на процесот се
постигнува подобрување во читањето, пишувањето и разбирањето, како и значително
зголемување на концентрацијата, меморијата и организацијата при учење, со
истовремено намалување на фрустрацијата и грешките.
Работата се реализира со деца, тинејџери и возрасни, при што
пристапот секогаш се адаптира индивидуално според возраста, потребите и целите
на клиентот. Најчесто корисници се ученици од основно образование.
Процесот започнува со детална иницијална проценка преку која
се идентификуваат специфичните предизвици и потенцијалите на клиентот. Врз
основа на добиените резултати се изработува индивидуален план со структурирани
вежби насочени кон развој на основните когнитивни функции. Работата се одвива
континуирано преку редовни сесии и систематско следење на напредокот, а еден
циклус најчесто трае од 6 до 12 месеци, во зависност од почетната состојба и
интензитетот на програмата.
Во пракса се забележува значително подобрување во читањето,
разбирањето и учењето, но и во начинот на кој клиентите пристапуваат кон
секојдневните обврски. Со текот на процесот читањето станува појасно и
посигурно, концентрацијата и фокусот се зајакнуваат, а учењето станува
поорганизирано и поефикасно. Дополнително се развива меморијата, се намалува
фрустрацијата поврзана со учењето, а самодовербата и мотивацијата значително
растат. Особено важно е што кај децата се унапредува фонетската и фонемската свесност,
како и комуникациското изразување, при што стануваат посигурни, поотворени и
посамостојни во училишниот процес.
Она што го издвојува овој пристап е долгогодишното практично
искуство и индивидуалната работа со секој клиент, со фокус на долгорочни
резултати, а не само краткорочни подобрувања. Дополнително се применуваат и
техники за брзо читање и учење (Power Reading), воведени во Македонија во 2008
година, кои придонесуваат за побрзо и поефикасно усвојување на вештините.
Процесот на соработка започнува со иницијална консултација,
по која следи проценка и изработка на персонализиран план за работа.