НОВО

Ресторан Mooma: Скопје

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторан Mooma: Скопје Контакт: +389 70 273 929

Ресторан Моома е модерен и пријатен гастрономски простор кој работи во склоп на Хотелот Mooma, нудејќи совршена комбинација од вкусна храна, топла атмосфера и професионална услуга. Лоциран во мирна околина, ресторанот е идеален избор и за хотелските гости, но и за сите посетители кои сакаат квалитетно гастрономско искуство во пријатен амбиент.

Менито во Ресторан Моома е внимателно креирано и опфаќа јадења за сечиј вкус, со посебно прилагодени менија за деца и возрасни. Се користат свежи и квалитетни состојки, а секое јадење е подготвено со внимание и љубов кон деталите.

Ресторанот е одличен избор за организирање на различни настани и прослави. Планирате роденден, мекици, интимна свадба или друга прослава? Во Ресторан Моома добивате комплетно решение и безгрижна организација. На располагање се внатрешен и надворешен простор, како и игротека со голем двор, што го прави совршено место за семејни настани и детски прослави.

Со одлична услуга, пријателски персонал и пријатна атмосфера, Ресторан Моома во склоп на Хотелот Mooma се издвојува како место каде секој момент станува убав спомен. Идеален избор за секојдневно уживање, свечени пригоди и посебни моменти со најблиските.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар