Omma - Farm & Villa

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.

Тимот на Кајак.мк постојано ги ископува на виделина уникатни гастро ќошиња на кои можете да поминете еден супер викенд со вашите блиски.

Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.

Уникатната локација на која е позициониран ресторанот ви овозможува активен викенд во природа, со јаготката на шлагот, а тоа е секако вкусната храна во која можете да уживате.

На своите социјални мрежи ресторанот го користи мотото „Organic food restaurant“, а очекуваме импресиите и впечатоците на гостите да го потврдат истото.

На менито на ресторанот може да се забележат разни локални специјалитети како погачи, сирења во фурна, пиперки со кајмак, летни манџи, домашен суџук, телешки специјалитети и разни десерти.

Околината на ресторанот е богата со борова шума, што ви гарантира кислородна терапија за време на вашиот престој.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар