Маврово: Гостилница Два Сокола со повеќе од 80 години традиција
Каде во Маврово Разговарај на Viber Јави се на телефонГостилница Два Сокола се наоѓа во живописното село Маврови Анови, во близина на Националниот парк Маврово. Контакт: +38975215355
Оваа традиционална македонска гостилница нуди домашни специјалитети кои се подготвуваат според стари семејни рецепти, со повеќе од осумдесет години традиција. Посетителите можат да уживаат во тенкосуканата пита со сирење или со спањак и сирење, сервирана со кисело млеко, како и во бурек со месо или сирење, подготвен по автентични рецепти. Домашните десерти, како баклава, кадаиф и штрудла со јаболко, дополнително го збогатуваат гастрономското искуство.
Сите јадења се подготвуваат со внимателно одбрани локални намирници. Сирењето потекнува од поднебјето на Бистра планина, а спанаќот се одгледува во домашни градини. Корите за питите се рачно изработени, а подготовката може да трае и до четири часа за само шест парчиња, што гарантира свежина и автентичен вкус.
Гостилницата е отворена секој ден од осум до седумнаесет часот, а достапна е и достава во Маврово, Маврови Анови и Врбен.
Гостилница Два Сокола е совршено место за сите кои сакаат да уживаат во автентична македонска кујна, домашна атмосфера и традиционални вкусови кои се негуваат со генерации.
Идеална е за туристи кои го посетуваат Националниот парк Маврово и за секој кој бара традиционални и вкусни македонски јадења.
ЛОКАЦИЈА