НОВО
На самиот раб на селото Коњско, со поглед што паѓа директно кон Охридското Езеро, се наоѓа „Кај Мече“ – гостилница каде традицијата и домашната кујна се споени со мирот на природата. Контакт: +389 78 350 955
Местото е идеално за семејни ручеци, романтични вечери или одмор по патот кон Галичица.
Менито е инспирирано од македонската кујна – скара, печења, домашни салати и свежо подготвени специјалитети, сè послужено во амбиент со природни материјали и топла атмосфера.
Надворешната тераса со поглед кон езерото е една од најпосакуваните точки за гости од сите страни.
Кај Мече е место каде што се доаѓа за да се јаде со мерак, да се наздрави со ракија и да се ужива во тишината што ја нуди Охрид надвор од градскиот метеж.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.