Етно Село: Годивје

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Етно Село: Годивје Задолжителна посета со предрезервации на контакт: 078 262 516 или 070 890 909

Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга.

Домаќинот кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека сите гости се добредојдени со претходна резервација и закажување, поради комплексноста на работата.

Нашиот тим не сомнева дека во престојната сезона многумина од вас ќе го посетат ова прекрасно планински селце од причина што можете слободно и опуштено да ги исплакнете очите, да ја нахраните вашата душа и да уживате во мирот и тишината кои владеат во селото.

Сигурно би се запрашале што е она кое ни ви го препрачуваме да го дегустирате во етно-селото?

Штом им јавите на домаќините, а број за контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ, прашајте ги дали се во можност да ви го подготват домашното традиционално ѓомлезе, коматото со праз и сирење, овчото и козјо сирење, малакото со лунк, петулиците, ајварот и специјалитетите од јагнешко, јарешко, телешко, домашни колбаси со праз, како и специјалитетите со печурки кои добро се прарираат со домашно вино и домашна ракија.

Оние пак кои сакаат да прошетат низ селото, треба да знаат дека овде се наоѓаат четири цркви, од кои најстарата е Св.Ѓорѓија од 13-ти век, црквата Св.Никола која е во самиот центар на селото, Св. Спас и недалеку од селото се наоѓа црквата Св.Ватроломеј.

Многумина од патувачите сигурно знаат дека овде се наоѓа и познатиот извор наречен Света Среда, Света Петка и Света Недела, за кои се смета дека се лековити извори.

Во склоп на етно ресторанот се наоѓа и Етнолошки музеј, антикварница и исто така објектот има сместувачки капацитет каде може да се сместат и од 5 лица.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар