Jајца од селски кокошки, јајца од препелици, козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, сирење и сапуни од козјо млеко.
Најмногу се радуваме на еко приказните поврзани со млади и амбициозни луѓе во Македонија. Луѓе кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.
Кајак.мк се насочува кон истражување на детали, наместо истражување на поголеми туристички светски дестинации.
Намерата од вакви туристички приказни кои најчесто ги посветуваме на домаќините на објектите за изнајмување, угостителите, луѓето кои се љубители на активниот туризам и туристичките работници е да ја вратиме пред се довербата во човештвото и да ги поттикнеме сите да го ценат повеќе туризмот.
Денеска ви ја раскажуваме приказната на едно скопско семејство кое љубовта кон природата и животните го поттикнало да отвори фарма во близина на Матка. Тие произведуваат и продаваат продукти кои животните ги дават. Овде спаѓаат: Jајца од селски кокошки, јајца од препелици, козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, сирење и сапуни од козјо млеко.
Нивната фамилија е ултрамедијална, со позитивно размислување и голема љубов кон животните и прирoдата. Градски луѓе кои растеле во Скопје и постојано биле опкружени со миленичиња.Уште од самиот почеток имале огромна поддршка од фамилијата, пријателите и нивните следбеници кои секојдневно ги стекнуваат на социјалните мрежи.
Matka Farm е лоцирана на место кое е идеално за одгледување на животни, со многубројни пасишта и изворска вода, каде пред се се нудат совршени и хумани услови. Она што е доста битно да се истакне е фактот дека животните се одгледуваат во 100% еколошки услови. Ова на нив им носи огромна побарувачка, а од друга страна огромно задоволство од купувачите.
Велат дека се фокусирани на брза и бесплатна достава, но најважно од се е добриот пласман.
Се надеваат дека интересот кај граѓаните да купуваат здрава храна со тек на време ќе биде се поголем, а воедно веруваат дека здравата храна ќе стане животна навика кај повеќето.
Овој начин на живеење и посветеност кон работата не е едноставен, велат тие.
Сите кои сакаат да работат и живеат на начин на кој тие го прават ова, главен услов треба да им биде љубовта кон животните и природата.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Senan Jakub
08.02.2022 21:35
Baram ovo širenje