Етно комплекс: Чардак

Каде во Делчево? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Етно комплекс: Чардак Контакт тел. за информации и резервации 075-274-905 Дамјан.

Нашиот гастрономски караван пристигна во село Очипала, каде го запозна новиот и млад домаќин Дамјан кој неодамна отвори свој етно комплекс „Чардак“ се со цел да го промовира овој пијанечки регион на свој уникатен начин.

За оние кои во моментот го читаат нашето четиво, а не чуле за селото Очипала, треба да знаат дека ова село се наоѓа во областа Осоговија или на 2.5 километри од градот Делчево. Дел од граѓаните на Македонија ова селце го знаат и како Очипале или Очипаре. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри.

Во селото се наоѓа и Јовановско маало, каде воедно е сместен комплексот „Чардак“.

Дамјан вели дека до комплексот може да се пристигне со секаков вид на возило при што од магистралниот пат до ресторанот има 300 метри земјен пат.

Ресторанот постои од 2021 година, но својот старт го бележи од годинава, што ни е сосема драго што тимот на Кајак.мк му ја дава поддршката на Дамјан за да го разработи местото во уште една прекрасна приказна.

Дамјан додава дека самата приказна започна од истражувањето на традицијата и старите обичаи на нивниот крај при што се дојде до идеја да се отвори етно ресторан кој ќе го промовира богатството на регионот, а во иднина ќе може да работи и како комплекс.

Ресторанот служи храна од пијанечкиот регион, а во склоп на ресторанот може да се забележат и реквизити и инвентар од истиот регион.

Како најистакнати специјалитети се „Јовановската трунта“ кое е месено тесто со сирење, печено во фурна. Тука се и познатите делчевски клиси и разни видови на печења во фурна или под вршник.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар