Број за контакт Кирил Стојчев 072 313 538 Владко Стојчев 075 239 243 Гордана Стојчева Наумова 076 460 040
“Арабеска” е мала
семејна винарија во сопственост на семејството Стојчеви. Лоцирана е во село
Сопот оддалечено 6 километри од градот Кавадарци, во срцето на Тиквешкиот регион познат по квалитетните
лозови насади.
Самата винарија е
регистрирана 2021 година. Целокупното произведено вино е од сопствени лозови
насади. Произведено од почеток до крај од вредните раце на сопствениците, со
многу љубов и посветеност. Винаријата е продолжување на традицијата од
предците, дедото Милан дипломиран инженер агроном кој несебично се залагал да
се подигнат квалитетни лозови насади применувајќи нови и софистицирани методи
во лозарството и винарството. Прв во Сопотскиот атар ги наводнувал лозовите
насади со систем капка по капка, со што придонесувал за екологијата и
рационалното користење на водата.
Производството на
вино бара исклучителна посветеност, време и енергија потрошени на лозјето и во
винаријата, но резултатите се исклучителни.
Денеска, Кирил вели дека се горди на сопствените вина,
показател за квалитетот се минатогодишните Златни награди за Ркацители и Вранец
и Големо злато за Розе од сортата Вранец на која се особено горди.
Блендот од
традиционалниот и современиот метод на производство кулминира со создавање на нивните препознатливи вина, кои се добиваат од
сопствен лозов насад од 16 декари. Во иднина покрај Вранец и Ркацители на репертоарот ќе се најдат и сортите Рајнски Ризлинг и
прочуеното Каберне Совињон.
Можност за
дегустација на вината има во
самиот подрум во склоп на винаријата кој е адаптиран за таа намена, а чувството
е уникатно, бидејќи ги сели
гостите во дамнешни времиња благодарение
на автентичноста на подрумот и изразената архитектура на старата македонска селска куќа, со свои
камени ѕидови, дрвени греди и огништето како центар на случување. Капацитет кои
ќе овозможи оптимално доживување е до 12 гости, вели Кирил.
Што се однесува
до идните планови на оваа мала просперитетна семејна винарија, тоа би било
доближување до консументите преку организирани дегустации на сите видови на
произведено вино, со можност во иднина да се изградат апартмани за престој на
туристи, бидејќи самото место има огромен потенцијал за селски и вински туризам, па
на гостите покрај грозјето и виното ќе им биде понудена мирна и спокојна
атмосфера за одмор под ведрото небо, ѕвездите и месечината која верувајте овде
е навистина поголема.
ЛОКАЦИЈА