Телефон за контакт: 071 317 649
Уште една
гастрономска дестинација од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Овојпат
станува збор за ресторанот „Викендица“ кој се наоѓа во тетовската месност Петачко
Водиче во селото Беловиште.
Се наоѓа на 800
метри надморска височина, а до дестинацијата можете да стигнете со мотор, кола,
комбе, а со автобус до центарот на селото.
Домаќините на
ресторанот велат дека се се уште нов ресторан во областа и работат од 2019-та
година. Успеваат да ја пребродат пандемијата, да застанат на нозе и да
продолжат кон исполнување на нивниот сон, а тоа е да служат вкусна и свежа
храна
Приказната за „Викендица“
се развива доста интересно. Моника која ни ја отвори вратата за светот на
Кајак.мк вели дека на почетокот на ова локација имале само сопствена викендица,
но многубројните туристи кои доаѓале овде и барале каде да седнат да јадат, ги
поттикнале да отворат сопствен угостителски објект.
Денеска, ресторанот
е позициониран помеѓу две реки, а температурата е секогаш за 10 степени пониска
од Тетово и Скопје, што ви гарантира задоволство во текот на летните горештини.
Оние кои ќе се
одлучат да го посетат ресторанот, совет од тимот на Кајак.мк е да нарачат:
Ребро во фурна, пафра со кајмак,
домашно жуле, разновидни салати и домашна ракија од дуња.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Sanja Trpkovska
16.08.2023 06:37
Секогаш најдобри. Уживање на кое нема цена :)