Етно ресторан Марков Манастир

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Затоа ресторанот и манастирот може да ви бидат одлични попатни дестинации за една прекрасна викенд тура која можете да си ја организирате.

На околу дваесеттина километри од Скопје пред самото село Маркова Сушица ќе го најдете етно ресторанот Марков Манастир. Идеална гастро дестинација за жителите на Скопје во текот на летните жешки денови! Одличната надморска височина, густата шума и прекрасната природа го прават оброкот во природа многу повкусен за разлика од дома.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат етно ресторанот, треба да имаат предвид дека оваа село и овој регион е познат по Марковиот манастир кој е сместен во живописен пејсаж и кој е изграден во средината на четиринаесетиот век од страна на македонскиот владетел Крале Марко.

Затоа ресторанот и манастирот може да ви бидат одлични попатни дестинации за една прекрасна викенд тура која можете да си ја организирате.

За сите оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, нас совет е да вкусат домашна пита, пинџур, домашен колбас, тава „Марков Манастир“, ребро во фурна и месо со праз.

Ресторанот постои 15 години, а во изминатите 3 години со него раководат нови менаџери.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Jordan Dimovski

    04.06.2024 12:16

    Ве молам да ми пратите мени со понуда и цени на мојата емаил адреса . исто така кажете ми кој ден ви е неработен . поздрав - Јордан

  • Stefan Ivanovski

    02.05.2023 12:22

    Услугата е катастрофална. Менаџерот/сопственик или што и да е треба да научи основи на угостителство и професионализам. Жално