Етно куќа: Вила Елена- Бродец

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Телефон за резервации: 070343955 или 070746888

Етно куќата се наоѓа во село Бродец на околу 50 минути возење од центарот на Скопје.

Локацијата е Скопска Црна Гора.

Како специјалитети кои ви ги препорачуваме од куќата се пита, качамак, козјо домашно сирење, козји кашкавал, печено јарешко месо, макала и пинџури.

За оние коишто ќе се одлучат да ја посетат етно куќата, совет од тимот на Кајак.мк е да ги посетат водопадите кои се наоѓаат недалеку од селото. Станува збор за водопадите на Тршченски Поток, кои се на околу 500 метри источно од селото и на 950-1100 метри надморска височина. Станува збор за десетина водопади со височина од 2,5 – 5 метри, наредени скалесто еден под друг.

За оние кои се заинтересирани да ги посетат водопадите, треба да знаат дена истите се лесно пристапни и до нив води патека која започнува од острата кривина на асфалтниот пат кон Рамно, на самиот излез од викенд населбата Бродец. До двата горни водопади се стигнува за само 5 минути лесно пешачење.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Благородна

    06.05.2024 16:01

    Напоменете дека функционираат само со закажување и одбирање на протокол (мени). Денес ние со велосипеди од Центар пристигнавме до ресторанот и бевме вратени назад.

    06.05.2024 15:59

    Напоменете дека функционираат само со закажување и одбирање на протокол (мени). Денес ние со велосипеди од Центар пристигнавме до ресторанот и бевме вратени назад.