Етно село

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторан „Златно Буре“ се наоѓа на 450 метри надморска височина и е иделана опција за бегство од градот.

Ресторанот е отворен 2014 со идеја да прерасне во поголем комплекс со повеќе содржини кои би овозможиле пријатен престој на гостите на ресторанот. Во 2019 отворен е базен со бунгалови и е зголемен капацитет на ресторанот за гости изминативе години. Етно село златно буре е најголемиот етно комплекс во Скопје и околината.

Доколку се одлучите да го посетите, тимот на Кајак.мк ве советува да ги вкусите следните специјалитети: Чорба златно буре (димено свинско месо, суви пиперки, компир, кромид ), Чварки со праз и сува пиперка, Златно буре филе со вргањ, Тава златно буре ( свински шол, пилешки стек, телешки мускул, печурки, тиквица, модар домат)

Објектот има капацитет за 500 гости, што значи дека е идеален и за друштвени, колегијални или фамилијарни прослави. Има прекрасен отворен простор со многу летниковци, зеленило, фонтана и детско катче.

Ресторанот дозволува влез на домашни миленици.

Контакт за резервација: +38978255567

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар