Вила Топила: Ресторан Маргуле во село Гари

Каде во Маврово Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторанот се наоѓа во склоп на Вила Топила која располага со 5 трокреветни апартмани кои се целосно опремени, што ви дава можност да го поминете целиот викенд на планина и покрај познатата Гарска река која поминува покрај самата вила.

Ресторанот се наоѓа во склоп на Вила Топила која располага со 5 трокреветни апартмани кои се целосно опремени, што ви дава можност да го поминете целиот викенд на планина и покрај познатата Гарска река која поминува покрај самата вила.

Вилата е прекрасно уредена и претставува главна атракција за многу од туристите, а она што ја комплетира нејзината убавина е меаната Маргуле, направена во етно стил, каде што по многу поволни цени ќе може да ги пробате вкусните јадења спремени по традиционален рецепт и начин. Во ресторанот има и рибник со свежи риби, каде што може да уживате во вкусот на крапот и пастрмката. На ова место може да го најдете најдоброто гарско овчо сирење, кое претставува задоволство за секој оној кој ќе го вкуси.

Вилата има и свој паркинг кој се наоѓа на само 50 метри. Бидејќи е лоцирана на повисоко, планинско место, постои голема температурна разлика во споредба со градските населби, па така во текот на летниот период се задржува ладно и пријатно време. Доколку сте љубител на природата, уживате во прекрасна храна, сакате да избегате од вревата на градските улици и да уживате во шумот на реката, да поминете неколку дена на планина, Вила Топила и меаната Маргуле се идеалното место за Вас!

Гари е планиско село кое изобилува со многу водопади, прекрасна природа, на кои оние кои ќе го посетат не можат да останат рамнодушни. Она што го прави интересно ова прекрасно, мало, местенце се начинот на кој куќите се градени и неговата местоположба.

Контакт за резервации: +38970510674

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Сузана Младенова

    09.07.2024 07:33

    Добар ден ме интересира колку чини ноќевање и појадок за двајца за две ноќевања.