Ресторан Кулла: Јегуновце

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Гостопримливоста и културната комуникација на домаќините на ресторанот ни остави голем впечаток, начин на кој треба да се дејствува кога сакаме да го развиваме туризмот на прав начин.

Домаќините ни раскажаа дека самиот ресторан нема долга историја и приказна, бидејќи неговите врати се отворени изминатиот месец јуни, но велат дека почетокот на приказната е добро започнат и се надеваат дека така ќе продолжат и во иднина.

Ресторанот се наоѓа во околината на селото Јегуновце, недалеку од реката Вардар која е една од причините за бујната вегетација во регионот.

Со прекрасен двор и можност за уживање под отворено небо или пак во затворениот простор, ова нова гастро дестинација ви овозможува да вкусите разна традиционална храна. Почнувајќи од салати, специјалитети од месо, локални закуски и макала, па се до италијанска кујна која опфаќа пици и разни специјалитети од паста.

Рестроанот има капацитер за околу 300 гости, а отворениот дел има простор за околу 200 гости.

Контакт за резервации: 070992800

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Goga Goga

    06.09.2023 13:19

    Gledam po slikite, prekrasen objekt. Se javiv da napravam rezervacija za 25 gosti od stranstvo. Se javi devojka i vika: ne zboram makedonski. Zboris albanski? Nikad vise nema da im se javam, a za odenje i da mi platat nema da im odam.