Ресторан „Кај Каневче“
Специјалитет: „Охридски чомлек“. Без разлика дали ќе биде со месо или вегетаријанска опција, овој специјалитет е извонредна комбинација на вкусови и мисири од состојките. Чомлекот е комбинација од плодовите кои ги има во македонските бавчи. Почнувајќи од кромидчиња, лук, месо, телешко и свинско (вегетаријанската опција е со печурки), суви сливи, бело вино и зачини, каде неизбежно е да се додаде многу ЉУБОВ.
Покрај чомлекот, се истакнува и салатата „Софија“ која е несекојдневна комбинација која ги воодушевува сите. Салатата го добива своето име од неговата внука Софија која секојдневно јадела одредени намирници. Истите намирници тој се потрудил да ги употреби во салатата која за него е нешто едноставно, несекојдневно, освежително и вкусно. Таа вклучува рендана зелка, сецкан домат, ореви, дробено сирење, рендан кашкавал, зачини, маслиново масло, сол, босилек и оригано. За декорација, но и како состојка додава брокула. За Димче ова салата го има изгедот на Софија и нејзината коса.
Ресторанот Кај КАНЕВЧЕ е уникатен пред се по местоположбата, бидејќи се наоѓа во населбата Канео, а тоа е Македонскиот дел од рајот. Уникатен е по менито кое е спој на традиционалното но и модерното. Според Димче, мора да има нешто кое инстаграмџиите би го ставиле на својот профил и додава дека сармите и полнетите пиперки, традиционалниот начин на сервирање за жал се уште не се атрактивни за на социјалните мрежи, но вели дека тие се убедливо највкусни.
Димче вели дека „Кај КАНЕВЧЕ“ се наоѓа лесно доколку изнајмите кајче од пристаништето на Охрид и за само пет минути сте пред локалот. Доколку пак појдете пеш, треба да ја поминете позната стара рибарска населба и црквата Св. Јован Богослов.
ДОМАЌИН: ДИМЧЕ КАНЕВЧЕ
Контакт: ФБ: Кај Каневче Kaj Kanevche
E-mail: [email protected]
Тел: 070 800 760
ЛОКАЦИЈА