Старо Бачило: Маврово

Каде во Маврово Разговарај на Viber Јави се на телефон

Атракции во Маврово

Специјалитет кој мора да го пробате: Jojo’s barbeque / бургери

Местото е атрактивно по: Популарни диџеи, бендови, како и спортски работилници, натпревари, семинари итн..

Капацитет: 300 гости

Работно време од: 10: до 18:00 часот

Паркинг: Бесплатен, голем капацитет

Контакт: 078/366-135

Локалот е автентичен по: Надморската височина ( 1600м ), рамнината ( терасата ) која ве очекува

Незаменлива: Чистиот воздух, идилична атмосфера, прекрасни пејсажи, вкусна храна


Ова место функционира во текот на цела година. За Даниел, човекот кој разговараше со тимот на Кајак.мк, Старо Балило е место кое ако го посетите на лето ќе посакате да дојде зима и да уживате во скијањето, а пак ако го посетите на зима ќе сакате да дојде лето за да уживате возејќи електрички велосипеди.

Можеби звучи конфузно, но „Старо Бачило“ знае како да го искористи секој момент од годината и да понуди нешто што е во склоп со сезоната.

Со „Старо Бачило“ работи релативно млада екипа која скоро трета година по ред е на Маврово.

Бачилото има доста специфичен концепт на работа, ова место е еден нов концепт на пикник, на кој се служи традиционална храна составена од пита, комад, локални сирења и кашкавали. Од досегашното работење со „Ски школа“ тие успеале да организираат и многу „седенки“ со храна од препознатливи ресторани кои подготвуваат суши, коктели, бургери и сендвичи, појаснува Даниел. 

Тој вели дека се во постојана соработка со Ресорт Маврово, преку која организираат тури за планински велосипедизам со електрички велосипеди, а честопати знаат да поканат и спортски здруженија кои оддржуваат тренинзи, семинари и предавања поврзани со активниот туризам. 

Она што го прави атрактивно Бачилото се повеќето начини на кој може да го посетите. Има неколку опции: Првата и наједноставна опција е со жичарница која работи во текот на летниот период, втората опција е со велосипед, потоа следува планинарење или пак со мото кросеви за љубениците на адреналинот. 

„Старо Бачило“ може да го заследите на инстаграм под @starobachilo

Контакт на: 078 366 135

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар