Каде во Кочани?
Рибник Тополник: Кочани
Рибник Тополник: Кочани Контакт: 033/444-419 077/644-133
Дали сте го
посетиле рибникот Тополник?
Покрај приватните
сместувања кои од ден на ден ги има се повеќе, тимот на Кајак.мк неодамна
започна со приклучување на гастрономски дестинации/објекти/локации кои вреди да
ги посетите.
Причината поради
којашто некои луѓе патуваат е храната. Оттука сакаме да Ве запознаеме со што е
можно повеќе објекти кои не штедат на вкусот, а кои можете да ги контактирате и
да резервирате маса преку нашата платформа.
Денеска ќе ве
запознаеме со рибникот Тополник. Рибникот се наоѓа на 4 километри од Кочани и е
опколен со прекрасна шума. Пролетниот и летниот период се идеални за да го
посетите рибникот, поради фактот дека има простран тревен двор, во кој доколку
имате деца тие ќе може да уживаат и да ја истрошат сета детска енергија.
Тимот на Кајак.мк
разговараше со Павел кој ни ги отвори вратите од својот рибник и ни посака
топло добредојде со чашка ракија и домашно овчо сирење за кое многумина коишто
биле овде ќе се согласат дека е извонредно.
Главното јадење или
специјалитет на кујната е секако свежата риба која ја ловат од базените на
рибникот и ја подготвуваат во истиот момент. Но Павели вели дека овде е и
прекрасната скара на жар и разните специјалитети приготвени на традиционален
начин од тајните на тамошните мајстори во кујната.
Рибникот е прекрасно
подзаскриено местенце, кое може да Ви овозможи прекрасен фамилијарен ручек или
вечера.
Како специјалитети
од риба се издвојуваат пастрмката и крапот, а исто така како што рековме овчото
сирење е нешто кое мора да се проба.
Контакт: 033/444-419 077/644-133
-
Каде во Охрид
-
Каде во Гостивар?
-
Каде во Битола?
-
Каде во Крушево?
-
Каде во Македонски Брод?
-
Каде во Струга?
-
Каде во Виница?
-
Каде во Скопје
-
Каде во Струмица?
-
Каде во Кавадарци?
-
Каде во Дојран?
-
Каде во Гевгелија
-
Каде во Тетово?
-
Каде во Крива Паланка?
-
Каде во Делчево?
-
Каде во Берово?
-
Каде во Демир Хисар
-
Каде во Кочани?
-
Каде во Прилеп?
-
Каде во Маврово