Sezer's Organic Farm

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт: 076 705 440

Денеска ќе ве запознаеме со човекот кој пред 10 години се доселува од Турција во Македонија. Се одлучил да живее во Охрид каде подоцна се жени и на светот го добива својт син. Сезер е нашиот нов локален херој од Охрид кој добива свое место во базата на „Гастрономија“.

Денеска Акин Сезер или како што сите пријатели го знаат „Сезер Ага“ има 8 годишен син, прекрасно семејство и прекрасна приказна која е дел од базата на Кајак.мк.

Сезер има своја нива и фарма која се наоѓа на 2 километри од центарот на Охрид. Земјиштето кое го обработува се наоѓа на само 50 метри од езерото, а климата му овозможува одлични услови за обработка на почнавата и производство на разни култури.

Но, што е она кое го прази Сезер поразличен од останатите земјоделци? Сезер одгледува разни видови градинарски зеленчуци кои можете да ги купите дирекно од нива, со дел од од нив произведува разни прехрамбени производи кои ги продава на пазарот. Овде спаѓаат ајварот, лутеницата, макалото, зимницата, туршијата кои се природно конзервирани во тегла.

Неговите садници се од семиња на претхдните зеленчуци кои ги расте по органски принципи, а во неговата нива нема место за отпад.

Сезер ги синтетизира македонската и турска традиција и на тој начин создава разни вкусови кои никого не оставаат рамнодушен. Тој е особено горд на вкусот на ајварот кој го прави, а кој е различен од класичниот начин на подготовка на ајвар.

Сезер продава макало со артичока и макало со аспарагус, сосови за тестенини, оцети, туршии и салати, а од годинава за првпат започнал да произведува ликер.

Во неговата фарма има и помошници волонтери од разни држави кои го посетуваат честопати. Сезер е домаќин на секој кој ќе го посети. Филџанот кафе или чаша пијалок се дел од топлото добредојде кое им го посакува на гостите. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар