Винарија Јостела

Каде во Гевгелија Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винарија Јостела

Гевгелија е меѓу нашите омилени краеви кога станува збор за добра чаша вино, преточена преку уникатните приказни на локалните херои кои ја збогатуваат нашата листа.


Денеска ќе ја раскажеме приказната на Венера Гелебешева Крстиќ која по професија е енолог, а од денеска ја има на нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.


Венера дипломира на Земјоделскиот факултет во Скопје и целиот свој живот го посветува на лозарството и овоштарството кое за неа е животна пасија, љубов и начин на живеење.

Работи како енолог околу 20 години. Низ кариерата имала ангажман во неколку познати винарии, за на крајот да заврши во своја сопствена винарија која на гевгеличани им е позната како „Јостела“.


Винаријата „Јостела“ се наоѓа на патот кон ски ценарот Кожуф, а пред винаријата се распостелени фамилијарните лозови насади од кои се произедуваат познатите црвени вина.

Пасијата кон лозарството и виното не е само кај Венера. Имено, нејзиниот татко кој исто така е енолог, одлучил да отвори своја сопствена винарија во која ќе го произведува виното, за кое како  што вели ќе ги пробуди сите сетила на луѓето кои се заљубени овој боженствен пијалок.


Винаријата Јостела постои од 2005-та година, кога нејзиниот татко ја отвара како свое хоби, без да очекува дека еден ден таа ќе прерасне во фамилијарен бизнис. Со неговото пензионирање, конците ги презема неговата ќерка која заедно со нејзиниот син се грижат за работата на винаријата.


Јостела е препознатлива пред се по црвените вина и секако по розе од кабарне франк, кое е најпознато и најпродавано вино.

Гостите кои ја посетуваат винаријата се претежно станци кои се во потрага по мали и уникатни винарии, а имаат и купувачи кои го бараат исклучиво нивното вино.


Венера е среќна што нејзината винарија може да обезбеди и сезонска работа за локалното население, како во делот на лозарството така и во производството на виното.

Ова мала семејна винарија има стремежи да расте и да се развива. Во моментот виното го продаваат во винаријата и преку достава, а наскоро ќе биде достапно и во Скопје. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар