Етно гостилница: Вила Весница

Каде во Скопје Chat on Viber Call on Phone

На површина од 3000м2 и со капацитет од над 50 столчиња во зимскиот период и над 200 столчиња во летниот период, вила Весница претставува одлична рурална дестинација за викенд. Лоцирана е во Чучер- Сандево на 15 километри од центарот на Скопје.

Рустичниот амбиент на етно гостилницата ќе ве поттикне да ги вкусите сите уникатни специјалитети на куќата и да уживате со вашите најблиски. Се наоѓа на 475 метри надморска височина, а во околината нема ниту еден индустриски објект, што ја прави оваа дестинација идеална за прошетка во природа и чистење на белите дробови.

Скоро сите производи кои се служат во угостителскиот објет се од домашно и сопствено производство. Оние кои ќе се одлучат да ја посетат „Вила Весница“ треба да имаат на ум дека овде може да нарачат квалитетни овчи сирења, домашни чварки, домашно сувомеснато, мешана квалитетна скара и ред други специјалитети на куќата.

ЛОКАЦИЈА

*The exact location will be provided after making a reservation. We share the location after reservation confirmation to avoid unbooked guests arriving and disturbing those currently staying.

Leave a Comment