House of Gorno Sonje

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во селото Горно Соње, каде разговараше со господинот Пеце, човекот кој стои позади уникатноста на „House of Gorno Sonje“.

Традиционалниот амбиент, а особено самата порта на малата семејна винарија „Joveski Garage Winery“ говорат за умешноста на оваа семејна приказна во создавањето на една уникатна винска приказна.

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во селото Горно Соње, каде разговараше со господинот Пеце, човекот кој стои позади уникатноста на „House of Gorno Sonje“.

Денеска, оваа винарија е попатна дестинација на многу странски туристи кои уживаат во квалитетните вина зреани на јужната страна на Водно.

Пеце вели дека винаријата произведува три црвени вина, како Каберне Совињок кој е познат под брендот „Koshtan“, Вранец како „Azmak“ и Куве познато како „Padina“. Овде е и белото вино Ризлинг.

Самата семејна винарија нуди можност за посета и дегустација на виното, но како што велиме во Кајак.мк, секоја посета во Македонија, треба да биде со претходна резервација.

Дегустациите може да бидат парирани со закуски, а просотор е идеален за групи од десетина гости кои може да престојуваат во затворен или отворен простор.Винаријата ја крои својата приказна скоро 40 години, а својата официјалност ја добива со регистрацијата во 2022-ра година.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар