Селско домаќинство: Атанасови

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

За Кајак.мк вели дека немаат луксузна палата, туку стара куќа која одлучиле да ја реновираат. Со чардак од кој се гледа само природата и селската црква и со мала бавча покрај дворчето каде одлучиле да засадат се што им посакала душата.

Домаќинот Виктор кој ги отвори портите на својот простран двор во село Сирково вели дека е залудно да се објснува причината поради која дедовците им го оставиле во наследство селскиот имот. Како и повеќето, така и Виктор, дошол во Сирково со своето семејство и одлучиле да останат засекогаш.

За Кајак.мк вели дека немаат луксузна палата, туку стара куќа која одлучиле да ја реновираат. Со чардак од кој се гледа само природата и селската црква и со мала бавча покрај дворчето каде одлучиле да засадат се што им посакала душата.

Во домаќинството Атанасови највкусни се патлиџаните и пиперките кои не се одгледувани со разни хемикалии, а самата миризба од младите ластари во раните утрински часови ја храни душата на гостите. Покрај здравите домашни плодови, Сирково изобилува со диви плодови кои се богатство на природата. Оние кои не се во можност да трагаат по нив, овде е мармаладот од шипинки кој го произведува семејството Атансови.

Ова се само дел од околностите кои ги поттикнале Атанасови да го отворат својот дом за сите гости. Наша препорака е да ги понесете вашите дечиња да уживаат во пространиот двор, додека домаќините ви ја подготвуваат вкусната традиционална храна која е состав од домашни или локални производи. Мирисот на дименото месо и домашното лепче печено во фурната е јаготката на шлагот во домаќинството Атанасови.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Maja Stanceva

    09.06.2023 18:01

    Koja e cenata od nokevanje