Контакт: 02 257 5808
Денеска се запознаваме со Давид. Млад човек кој пред 8 години со своето семејсто се преселува од Скопје во село Раштак. Тој е познат по новиот иновативен и млад бред млечни призводи „Kozi Mleko Planina“.
Ова село каде што тој се реши да инвестира не е случајно избрано, туку неговите баба и дедо својот живот го поминале токму на ова место. Тој вели дека не се пронашол многу во градот, па се решил заедно со своето семејство да го „стават во функција“ сопственот земјиште. За почеток купуваат 10 кози и започнуваат со изучување на козарството и начинот на преработка на млекото во млечни производи.
Одлуката беше семејна и долго време проучувана, изборот за кози ни го определи теренот на селото но и самоедукацијата, предноста на козјото млеко и млечните производи кои се негуваа во светот кои за жал кај нас беше подзаборавена оваа гранка и и беше прекинат континуитетот, вели Давид.
ЛОКАЦИЈА