Рибен ресторан Добреноец во село Горно Добреноец.
Недалеку од градот Кичево, помеѓу селата Јаворец, Кнежино и
Горно Добреноец се наоѓа еден прекрасен рибен ресторан кој го носи називот
„Ресторан Добреноец“.
Гостите кои го посетуваат ова место велат дека секогаш на
располагање имаат свежа риба, нешто по кое е автентичен самиот ресторан.
Причината поради која многумина го посетуваат ресторанот е и
самата местоположба. Опколен со планини и шуми, ресторанот во текот на летниот
период ви овозможува пријатна клима на 800 метри надморска височина.
Во близина на селото се наоѓаат две историски села, Студено и Ранци, што самиот предел ви овозможува да си организирате еднодневна тура која би започнала со прошетка, а би завршила на вкусен ручек во ресторанот.
Контакт за резервации: 078 328 296
ЛОКАЦИЈА