Ресторан Грне

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: +38978336335 or +38971463322

Кајак денеска го испи своето утринско кафе во прекрасното дворче на ресторанот „Грне“ кој воедно е нашата нова гастрономска дестинација која ја додаваме во базата, а каде може да резервирате со еден клик ОВДЕ.

Домаќинот Ристе не дочека со насмевка и амбициозен поздрав кој на некој начин ни даде чувство дека ресторанот веќе одамна ја има отворено својата сезона.

Грне има приказна која се испишува веќе 7 години, успева да ја изброди пандемијата и да докаже дека идејата за сервирање вкусна храна и цртање насмевки на лицата на гостите е поважна од секоја пандемија.

За оние кои досега не слушнале за ресторанот Грне, треба да потенцираме дека тој се наоѓа на магистралниот пат кој води од Охрид до Св.Наум во населеното место Долно Коњско и до него можете да стигнете со секое возило, автомобили, автобуси, комбе, а за активните туристи и со велосипеди.

Ресторанот е отворен пред 7 години, кога сопственикот Ристе, како професионален готвач одлучува да ја реализира својата животна желба, а тоа е да има свој простор каде ќе може да им ги служи на гостите специјалитетите кои успева да ги научи во текот на својот професионален ангажман.

Ристе вели дека желбата да има свој ресторан му е од мали нозе и додава дека секој кој нешто посакува може да го оствари доколку силно верува во тоа.

Ресторанот „Грне“ е изграден според желбите на Ристе, а тоа е да има голем простран двор кој ќе има природна сенка и кој ќе биде опколен со цвеќиња. Денеска Ристе е среќен кога гледа куп деца како уживаат играјќи во дворот.  

Ресторанот е изграден во етно стил и главниот фокус го става на вкусната храна која може да се најде за сечиј вкус. Почнувајќи од салати, скара, готвени јадења, домашно чадено месо и вкусната и препознатлива плескавица „Грне“.

Домаќините велат дека во фокус им е вкусната храна, бидејќи без неа ресторанот „Грне“ нема да го има вистинскиот дух.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Marko Taneski

    28.04.2022 20:38

    Najvkusnata hrana na cel Balkan, prekrasen ambient i najljubezniot i najnasmean domakin Riste!