Винарија Мирон: Ченто

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

По стекнатото искуство, Мирон одлучува да направи важен чекор во својот живот и да отвори своја мала семејна винарија именувана како „Винарија Мирон“.

Мирон за Кајак.мк вели дека малата семејна винарија ја отвора во 2019-та година. Ваквата храброст му доаѓа од повеќегодишното практиканство и работно искуство во разни мали артисан финарии, но и во големи вински индустрии со големи количини вино. Тој е дипломиран енолог на Земјоделскиот факултет „Кирил и Методиј“ што му дава можност да биде главниот енолог во својата винарија.

По стекнатото искуство, Мирон одлучува да направи важен чекор во својот живот и да отвори своја мала семејна винарија именувана како „Винарија Мирон“. Винаријата денеска има палета од две сорти црвено вино: Вранец 2019-та кој го освојува златниот медал во категоријата на црвени вина на натпреварот „Винотек 2020“ во Кавадарци, како и „Каберне Сувињон 2021“, кој освојува второ место на истиот натпревар во 2021-ва година.

Како што расте бројот на награди и признанија, така растат и стремежите кај Мирон. На есен винаријата ќе ја збогати својата палета со бело вино, а ќе го зголеми и производството на веќе постоечките сорти вино. Винаријата има цел да го искористи сето грозје од кое прави вино, со тоа што во својата понуда додава и природен гроздов маџун и пастеризирана шира која е безалкохолна и без додаден шеќер.

Во моментов Мирон е на усовршување во една од најголемите винарии во Нов Зелан, винаријата ВинЛинк каде што стенува светско знаење за филтрацијата на виното.

Контакт: 075336482

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар