Ресторан Уно: Трпејца

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторан во Трпејца со прекрасен поглед на зајдисоцето

Ако сакате вкусна пастрмка и прекрасен поглед кон Охридското езеро, тогаш посетете го ресторанот Уно во Трпејца. Уште една одлична гастро дестинација со прекрасен персонал, на мирна и тивка локација од денеска е дел од светот на Кајак.мк.

Тимот на Кајак.мк ви препорачува да ја вкусите чорбата од охридкста пастрмка која е извонреден специјалитет на кујната.

Секое јадење можете да го комбинирате со традиционалното охридско ѓомлезе, а како главно јадење овде можете да вкусите пастрмката на скара, во комбинација со фамозното охридско макало, чаша бело суво вино и салата.

Уно има прекрасен поглед кон езерото, особено за време на зајдисонцата. Затоа ве советуваме да го посетите ресторанот во попладневните часови.

Контакт за резервација: 077 637 613

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар