Ресторан Куќа

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ова уникатно коше кое има капацитет да нагости 40 гости во затворениот и 110 гости надвор.

Ова уникатно ќоше кое има капацитет да нагости 40 лица во затворениот дел или 110 гости во отворениот летен дел. Ресторанот се наоѓа во строгиот центар на градот, односно во непосредна близина на хотелот Holiday Inn во самите куќарки до поранешниот паркинг. Од тие причини самиот локал го носи називот „Куќа“, а самите гости кои го посетуваат имаат чувство како да се дома. За оние кои бараат точна локација на ресторанот, истата ќе може да ја погледнат со еден клик ОВДЕ, најдоле на самата мапа.

Менаџментот е фокусиран да ја задржи старата македонска угостителска дејност, од тие причини го задржува ентериерот во ваков стил. Покрај амбиентот, нивната кујна се фокусира на традиционални македонски јадења. Овде може да вкусите „Македонско тавче гравче со везена пиперка или колбас, традиционално грне именувано како „А ла куќа“, македонска традиционална даска со домашно овчо сирење, домашен ајвар, скопско макало, традиционален пинџур и домашно лепче.

Ресторанот „Куќа“ е мета на многу странски гости кои престојуваат во Скопје. Како доказ за тоа се рецензиите кои се споделуваат по разни платформи за патување и социјални мрежи.

Контакт број: 072 310 014 или 071 204 140

Остави Коментар