Ресторанот служи вкусни специјалитети од локалната и светска кујна. Отворен е неодамна, а ентериерот е целосно уреден да гарантира едно поразлично планинско искуство.
Ресторанот Софра
се наоѓа во падините на Караџица, во прекрасен природен амбиент, поточе кое
поминува низ самото дворче, одлична надморска височина и простран зелен двор
каде можете да уживате со вашето семејство, блиски пријатели или колеги.
Ресторанот се
наоѓа недалеку од селото Држилово или на околу еден час возење од Скопје кон населбата
Пинтија, каде што се исклучувате и продолжувате по локален асфалтиран пат.
Ресторанот служи
вкусни специјалитети од локалната и светска кујна. Отворен е неодамна, а ентериерот
е целосно уреден да гарантира едно поразлично планинско искуство.
Овде можете да вкусите специјалитети на скара, пици, тестенини и разни десерти.
ЛОКАЦИЈА